| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишен крос-кантри во тетовската касарна

vojska arm

Во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово денеска ќе се одржи седмиот традиционален новогодишен натпревар во крос-кантри, во организација на Генералштабот на АРМ и Меѓународниот совет за воени спортови на АРМ.

На новогодишниот крос-кантри ќе учествуваат околу сто натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, припадници на контигнетот за мисијата ИСАФ и атлетичари од Атлетската федерација на Македонија.

Кросот ќе се реализира на патеката во касарната  во должина од 8 илјади метри во машка и 4 илјади метри во женска конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top