Наде Миленкова, која минатата сезона воодушеви како танц-ментор на актерот Васил Зафирчев, во „Танц со ѕвездите 2“ ја има задачата да научи Владимир Крстевски – Франц од „Нокаут“ на сите видови на танци. Франц и Наде од раните утрински часови вежбаат во Македонската радио телевизија и во просториите на „Прима данца“.

Франц и Наде во раните утрински часови
Ништо помалку време за подготовки не посветуваат ни пејачката Сара Костадиновска и нејзиниот партнер Мишо Спасовски. Мишо, кој претходната сезона танцуваше со ракометарката Андријана Будимир, веќе ги сподели повеќето тајни со Сара, а од нив се очеува да изненадат со многу интересни потези.

Сара и Мишо подготуваат нешто интересно
Најголема желба за победа сигурно има танчерот Илија Карадаковски, кому минатата сезона заедно со Марјана Станојковска за влакно му побегна победата. Илија и овојпат има згодна и провокативна партнерка. Манекенката Александра Накова наводно толку се посветила на пробите и подготовките за шоуто, што дури и раскинала со своето момче, поради неговата слаба поддршка и разбирање.

Накова е во сигурни раце со Илија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


