| четврток, 6 декември 2018 |

Казнети половина од градежните компании во Скопје

vozduh-skopje-zagadenoДури 33 градежни компании не го почитуваа привременото работно време поради загадувањето. Државниот инспекторат за труд во изминатите два дена извршил вонредни надзори низ Македонија за да провери дали градежните компании ги почитуваат препораките на Владата на РМ во однос на загадениот воздух.

– Државните инспектори за труд извршија вкупно 65 контролни надзори на градежните компании кои во моментот имаат објекти во градба. Притоа е констатирано дека кај 32 се почитува препораката, а кај 33 се донесени забрани за вршење дејност во периодот додека трае препораката за да се ограничи, односно стопира изградбата на објекти – изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој посочи дека ако не се почитуваат забраните, се изрекува и парична казна од 5.000 до 8.000 евра за правното лице и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице. Според препораките, градежните работници на отворено треба да работат од 11 до 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top