| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел: Жељко е цар

Во вторник ќе се прикаже вториот дел од фазата „домовите на судиите“ на „Икс фактор“. Во него ќе бидат прикажани тимовите на Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач во кои се сите наши кандидати.

Колку и сите да го сметаат за строг, Даниел Кајмакоски е среќен што работи токму со Жељко.

– Работејќи со големиот шеф! Какво чувство! Ова е засега мојот најголем успех. Гледајте „Икс фактор“ и стикајте палц во вторник – порача Даниел преку социјалните мрежи.

Својот тим Жељко го однесе покрај море, каде ги советуваше и работеше со нив поединечно. Тројца од неговиот и тројца од тимот на Кристина, по нивна одлука, продолжуваат понатаму во полуфиналето и настапите во живо.

Од испаднатите само двајца ќе добијат можност да се вратат во шоуто, благодарение на гласовите од публиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top