| четврток, 6 декември 2018 |

Велешките екологисти со предлог мерки за намалување на загадениот воздух во градовите

nenad kocic

Kонкретни предлози за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, Тетово, Битола и во Кичево денеска предложија велешките екологисти. Ќе ѝ ги испратат на Владата и ќе бараат да се применат и во другите загадени градови, на целата територија на државата, пишува Дума.мк.

Треба да се забрани користењето гуми во производствениот процес на индустриските капацитети и целосно да забранат тешките товарни возила кои повеќе загадуваат отколку што сообраќаат.
Во Македонија треба што поскоро да се поттикне користењето на алтернативни извори на енергија поточно екоплинот и биодизел-горивата, преку намалување на акцизата и цената на горивото.
– Ако два до три месеци во годината се инвестира во здравјето на граѓаните, мислам дека од потрошувачката нема многу и државата да изгуби, од добивките што ги имаат од поеколошките горива наспроти штетите од оние што денеска масовно се употребуваат како нафтата, мазутот, а значително ќе се намали загадувањето на воздухот – рече д-р Ненад Коциќ.
Екологистите сметаат дека, исто така, причина за енормното загадување на воздухот се оџаците на индустриските капацитети, поскапувањето на електричната енергија и зголеменото користење на дрвата за затоплување. Соголувањето на шумите и дрворедите во градовите се дополнително стимулирање на загадувањето на воздухот.
– Ние од еколошкото друштво „Вила зора“ секогаш сме биле против сечењето на дрвјата. Не смее да се сече дрво доколку не преставува опасност за граѓаните и околината, кое не е старо. Бидејќи секое дрво може да се премести на друго место, а не да се сече затоа што основната негова функција е да го прочистува воздухот и да го апсорбира чадот и другите честичи кои се наоѓаат во воздухот – рече д-р Коциќ.
Велешките екологисти предлог мерките ќе ѝ ги испратат на Владата. Од неа очекуваат да ги примени и мерките на Светската здравствена организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top