Амбасадорот на Република Македонија во Финска, Кире Илиоски, е одликуван со финскиот комеморативен медал „Маршал Манерхеим“ како признание за неговиот придонес за одличните билатерални односи меѓу двете земји.
Медалот му е доделен на свечената церемонија во „Куќата на благородништвото“ во Хелсинки, од страна на претседавачот на Комитетот за комеморативен медал „Маршал Манерхеим“ во Финска, Емеи Каниенен.
– Одликувањето на амбасадорот Кире Илиоски е како благодарност за неговата работа и развивањето на добрите билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Финска – рече Каниенен пред присутните на церемонијата по врачувањето на медалот.
Според амбасадорот Илиоски, доделувањето на медалот е најубавиот начин да се заокружи неговиот мандат како амбасадор во Шведска и во Финска, но, исто така, и признание за одличната соработка и билатерални односи меѓу двете држави.
Амбасадорот Илиоски е прв нерезидентен амбасадор кој е одликуван со орден од Република Финска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст