| четврток, 6 декември 2018 |

Седење пред ТВ и помалку движње – причина за намален број спертатозоиди

Мажите кои гледаат телевизија повеќе од три часа на ден и малку се движат ризикуваат да станат неполодни, покажала една студија на Универзитетот Харвард. Во истражувањето кое го спровеле истражувачите од Харвард, првпат се тврди дека намалената физичка активност е причина за неполодноста кај мажите.

Млади здрави мажи со нормална тежина кои гледаат телевизија повеќе од 20 часа неделно имаат и по 44 отсто помал број сперматозоиди, пишува во истражувањето. Исто така, намален број сперматозоиди имаат мажите кои редовно носат тесни боксреки и оние кои се професионални возачи.

Мажите кои умерено вежбаат околу 15 часа неделно, наспроти оние кои воопшто не вежбаат имаат до 73 отсто поголем број сперматозоиди. Со тоа нивните шанси да станат татковци се многу поголеми, објаснуваат стручните лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top