| четврток, 6 декември 2018 |

Слика и прилика

Обединетите нации распишале конкурс за најпоучна слика.

Нацртал Трпе гол човек со гас-маска, кој во едната рака држел кондом, а во другата каранфил. Ја добил првата награда, го повикале во Њујорк и наградата лично му ја дал Бан Ки-Мун, кој држал говор во кој ја објаснил сликата:
– Еве, почитувани колеги, Трпе ја нацртал оваа слика, која има симболика – голиот човек ја симболизира сиромаштијата во светот, а неговата гас-маска ја симболизира загаденоста на околината. Кондомот ја укажува опасноста од заразни болести, а каранфилот укажува на тоа дека сѐ уште постои надеж за среќна иднина.

Дошол редот и на Трпе да каже нешто:
– Почитувани! Како да ви кажам, ама пораката на сликава е – да имаш секс со кондом е исто како да мирисаш каранфил со гас-маска!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top