
Вкупно 22 тони индустриска сол e фрлена во текот на ноќта и утрово на критичните точки на градските сообраќајници низ градот, информираат од екипата на зимската служба на Град Скопје, пренесе Нетпрес.
Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта“ на терен интервенираа со возила-соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на Град Скопје.
Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Дополнително, интервинирано е на булеварите Партизански одреди, Митрополит Теодосиј Гологанов, Свети Климент Охридски и на другите булевари каде што е забележан замрзнат коловоз.
Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат во согласност со условите на теренот. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


