| четврток, 6 декември 2018 |

Загадување: Вечерва алармантно во половина Скопје, Кичево и Тетово

vozduhСпоред податоците од Министерството за животна средина и Индексот за квалитет на воздух, вечерва воздухот во општина Центар во Скопје е многу високо загаден со РМ2,5 и РМ10. Загаденоста е алармантна и во скопските делови Лисиче и Карпош, како и во Кичево и во Тетово.

vozduh mapaВо случај на надминување на среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10) , од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје се препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

ПM10 честичките, со дијаметар до 10 микрометри и ПМ честичките со 2,5 микрометри се најчестите индикатори за загадување на воздухот. Имаат и најголем ефект по здравјето на луѓето поради својот дијаметар кој им овозможува да дојдат до најситните патишта во белите дробови, но и поради својот специфичен хемиски полнеж кој зависи од изворот на загадување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top