| четврток, 6 декември 2018 |

Понуди за работа ќе се добиваат и преку мобилни телефони

vrabotuvanje

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска ја промовираше веб страната www.avrm.gov.mk на која сите заинтересирани ќе можат да бараат работа и да нудат работни места.

– На овој начин сакаме да дадеме придонес кон подобрување на информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на граѓаните за барање работа. Пред се , со овој проект се овозможува брз и релевантен извор на информации од прва рака, добивање информација во секое време и следење на огласите за работа на ефтин и едноставен начин, изјави денеска министерот за труд и социјала Диме Спасов.

Посочи дека промотивните активности ќе се реализираат преку информативни средби, развој на апликација за мобилни телефони со која ќе се информираат невработените за слободни места како и поставување на инфо табли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top