| четврток, 6 декември 2018 |

Албански идеи за размена на територии: Прешево на Македонија, Куманово на Србија

skender hasani

За решавање на проблемите на Балканот треба да се припои Прешевската долина кон Македонија, а Македонија на Србија за возврат да ѝ отстапи делови од околината на Крива Паланка и Куманово, предлага Скендер Хасани, претседателот на Здружението на албанските историчари во Македонија, пишува весникот на албански јазик „Лајм“.

Хасани смета дека со ваквата размена на територии би се решиле проблемите на Албанците во Прешевската долина, а со тоа би се ублажиле и српските барања за поделба на Косово. Оваа идеја на албанскиот историчар е прифатлива и за градоначалникот на Прешево Рагми Мустафа.

– Идејата не треба да се отфрли, туку е потребна голема анализа. Јас припаѓам на луѓето од Долината и сметам дека народот треба да одлучи дали да се приклучат на Косово или Македонија. Ние не треба да заборавиме дека во 1992 година Прешево имаше референдум за поголема автономија – рекол Мустафа за „Лајм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top