| четврток, 6 декември 2018 |

Хурем: Си заминав од Турција затоа што животот ми е во опасност

хурем33

Турската актерка Мерјем Узерли позната по улогата на Хурем во серијата Величествениот не планира да се врати во Турција затоа што смета дека таму животот и е во опасност.

Актерката која треба да се породи до крајот на јануари вели дека направила многу грешки и на крајот морала да замине.

– Морав да си одам од Турција. Се обидов да скокнам од тераса после сѐ. Направив многу грешки. Си зададов напорно темпо, работев како машина и цела ноќ ги учев текстовите. Мојот живот стана серија и Хурем, изјавила актерката која неодамна доби половина милион евра за реклама за пелени. Мерјем исто така рекла дека не планира да му се врати на вереникот но и дека се надевал дека еден ден ќе му прости што ја оставил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top