„H2O“ е името на новиот дует во „Икс-фактор“. Откако и нашиот претставник Филип Јаневски-Фифи и ќерката на српскиот музичар Џогани, Маринела, се најдоа меѓу испаднатите од „Регрутниот камп“, жирито одлучи да ги врати во игра, но како група.
Покрај бендот составен од пет момчиња и женската група, под менторство на Кристина Ковач, се најдоа и Фифи и Маринела. Следниот вторник бендовите ќе се претстават пред Кристина и нејзиниот советник, а половина од нив ќе отпаднат од шоуто.
Во истата група се наоѓаат и браќата Иван и Кико Раденови, додека Даниел Кајмакоски се подготвува заедно со Жељко Јоксимовиќ.
Синоќа беше прикажан првиот дел од фазата „Домовите на судиите“ и иако групите на Кики и Емина ги напуштија шест кандидати, публиката има можност да врати по еден од нив. Истата можност ќе ја имаме и во случај некој од нашите кандидати да не влезе во полуфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


