| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар: Досега знаев да играм само оро (видео)

Втората сезона од популарното шоу „Танц со ѕвездите“ на Македонската радио-телевизија ќе почне на последниот ден од 2013 година, односно на Нова година.

Ланскиот победник Јована Василевска, оваа година ќе се обиде со нејзиниот партнер, водителот Димитар Атанасовски, повторно да дојде до финалето. Тој ни кажа дека е многу среќен што добил шанса да учествува во шоуто бидејќи отсекогаш сакал да научи да танцува.

– Досега знаев да играм само неколку ора, но откако ја запознав Јована, минатогодишниот победник и мој партнер, сфатив дека ништо не знам да играм, ама важно е дека сакам многу да научам – рече на шега Димитар.

– Како што кажа, има голема желба да научи, сега-засега можам само да кажам дека има осет за ритам и слух – рече Јована.

Целото интервју можете да го погледнете РепубликаТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top