Комитите знаат и да се извинат кога ќе згрешат. Тие преку фан-страницата на Тимур Дибиров на „Фејсбук“ се извинија што дошло до несакана повреда по ударот со метален предмет од неодговорен гледач од трибините.
Дибиров преку неговиот профил на „Фејсбук“ одговори: Сѐ е во ред, вие сте најдобри!
Комитите, кои ја одржуваат фан-страницата на Дибиров, упатија порака и до повредениот ракометар на Металург, Наумче Мојсовски, посакувајќи му брзо враќање на терените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


