Маршот со гас-маски против загадувањето ќе се одржи в сабота во 12 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје. Маршот е во организација на организацијата „Биди зелен“ (Go Green). Од невладината велат дека главни извори на загадувањето што осум дена владее во Скопје и во неколку други градови се фабриките, кои не работат во согласност со интегрираната еколошка А-дозвола, домаќинствата што се загреваат со несоодветни материјали, старите автомобили, интензивираните градежни активности…
Од „Биди зелен“ потсетуваат дека краен рок за исполнување на еколошката А-дозвола за големите загадувачи е април 2014 година. Истовремено, се алармира и на опасноста од увезените стари автомобили.
„Дали ние сме свесни колкаво загадување предизвикуваат овие автомобили? Во Македонија од 1993 година до денес се увезени 135.000 нови автомобили, а 170.000 половни автомобили се увезени за три години откако се дозволи увоз на автомобили со стандард Евро 2, што значи автомобили произведени 1996 – 2000 година.
Во ЕУ од 1 јануари влегува во сила стандардот Евро 6, а во Германија од 1 јануари 2014 година е забрането возење автомобил со стандард Евро 3“, порачува невладината организација.
„Биди зелен“ алармира и дека во Скопје во голем дел од автомобилите се вози само еден човек.
„Во Скопје во најголемиот метеж во раните утрински часови и на крајот на работното време е констатирано дека четири од пет автомобили се управувани од едно лице. Дали и за ова ни е некој виновен или е во прашање нашата култура? Како градиме мислење за другите околу нас? Според автомобилот што го возат или образованието и вредностите што ги поседуваме како луѓе?
Излезете на маршот за загадување! Се работи за нашето здравје!“ се порачува во апелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


