„Алкалоид“ пушти во употреба современ магацински простор за готови производи. Вкупната вредност на инвестицијата која се реализираше за само 9 месеци, изнесува 1.200.000 евра. Магацинскиот простор е изведен на вкупна површина од 1.600 м2 и висина од 13 м, со 3.114 палетни места за високо регално складирање на козметички производи и медицински помагала.
Магацините се опремени со сталажен систем со висина од 12,5 м, а за манипулација со палетите со готови производи набавени се два високорегални компјутеризирани вилушкари со висина на подигање на товарот до 10,50 м и стандардна магацинска опрема (рачни електрично-водени вилушкари, рачни палетни виљушкари и товарна хидраулична рампа).
Магацинскиот простор е изведен во согласност со најновите стандарди за ваков тип објекти со проверени сеизмички карактеристики и инсталиран софистициран систем за против-пожарна заштита, со цел да се обезбеди максимална безбедност за вработените, објектот и материјалите во него. Управувањето на материјалите се одвива преку САП софтверски систем.
Поголем дел од средствата за оваа инвестиција, се обезбедени од сопствени извори на компанијата, а дел се од WeBSEFF кредитната линија на ЕБОР (Европската Банка за обнова и развој) наменети за проекти со енергетска ефикасност кај кои се користат обновливи извори на енергија.
Во реализацијата на овој проект, водевме особено грижа за намалување на нивото на емисија на штетни гасови, заштеда на електричната енергија, инсталирање на топлинска пумпа која обезбедува енергија за климатизација на просторот, користејќи ги подземните води како ресурс, инсталирaње на штедливи светилки и ЕКО фасадни панели за термичка изолација.
Реализацијата на овој проект се одвиваше во согласност со заложбите на Алкалоид за општествена одговорност, грижа за заштитата на животната средина, безбедноста на вработените и за материјалните добра, при што сите стандарди и прописи во изведбата и функционирањето беа доследно почитувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци






