| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов сѐ уште не се откажува од трката за втор мандат

ivanov-presss-3

Сѐ уште останува отворена опцијата актуелниот претседател Ѓорге Иванов да се бори за втор мандат. Иако дел од медиумите, повикувајќи се на извори блиски до семејството на претседателот, објавија дека Иванов се повлекува и нема да се кандидира повторно, извори од Кабинетот велат дека се работи за неточни информации.

На објавените информации дека Иванови на свои пријатели веќе им говореле дека тој нема намера да се впушти во нова изборна трка и дека е можно многу скоро тоа јавно да го обелодени, извори од Кабинетот велат:

-Сѐ уште има време претседателот да се произнесе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top