| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ќе презентира план за борба против невработеноста кај младите

Лидерите на Европската унија на самитот, кој ќе почне утре во Брисел ќе го претстават предлогот за издвојување на повеќе од пет милијарди евра за борба проитв невработеноста меѓу младите

101958649

Целта на оваа програма е спречување на растот на невработеноста меѓу младите поради презадолженоста на поединечни региони и економската криза.

Според проценките на надлежните институции невработениста на младите во ЕУ годишно чини 150 милијарди евра, што е еквивалент на 1,2 отсто од Бруто домашниот производ.

Во 13 од 27 земји-членки на ЕУ, невработеноста меѓу младите од 15 до 24 години надминува 25 отсто, а во Грција и Шпанија достигна 50 проценти.

Економистите предупредуваат на овој сериозен проблем, кој се уште не е решен.

– Така висока стапка на невработеност меѓу младите има драматични последици за нашата економија, општество, а пред се за младата популација, изјави еврокомесарот за труд Ласло Андор.

Поддршката на европските лидер на планот зависи од спогодбата за наредниот долгорочен буџет за 2014-2020 година, за кој е потребно да се обебзедат речиси илјада милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top