Кошаркарите на Куманово заслужено славеа на домашен паркет против Кожув во БИБЛ лигата со 74-58.
Во текот на целит натпревар кумановци бодрени од своите најверни навивачи беа во двоцифрена предност. Натпреварот се чини беше решен уште во првата четвртина кога играчите на Димитриевиќ успеаа да примат само пет коша. Разликата се зголемуваше се до полувремето кога Куманово замина на паузата со 14 разлика (34-20).
Во вториот дел Кожув заигра поангажирано во одбраната и со неколку брзи контранапади и шутеви од далечина успеа да ја намали предноста на помалку од 10 коша. Сепак во последниот период од играта, одбраната на Куманово ја одигра главната улога за заслужена победа во ова натпреварување.
Со оваа победа Куманово се искачи на врвот на табелата со 14 бода, шест победи и само два порази, додека Кожув е на третото место со 12 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.