Државјанин на Сенегал, кој илегално престојувал во земјава и други странски државјани синоќа биле претепани од непознати напаѓачи додека се движеле од селото Лојане кон граничниот премин Табановце, известува МВР.
Според информациите, мигрантот од Сенегал со повреди на главата дошол на бензиска пумпа на автопатот Куманово-ГП „Табановце“, вчера околу 22 и 30 часот.
На повредениот му е укажана лекарска помош и се работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.