| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Преговори со Србија на 21 јануари

Првата меѓународна конференција на Европската унија и Србија, која означува формален почеток на преговорите за придружување, ќе биде одржана на 21 јануари, дознава Танјуг врз основа на увидот во нацртот заклучоци кои Министерскиот совет на ЕУ ќе ги усвои денеска попладне.

Првата меѓународна конференција ќе биде одржана на 21 јануари, се вели во делот на заклучоците за проширувањето на ЕУ кои се однесуваат на Србија, кои претстои да бидат официјално усвоени.

Во претходните верзии на овој документ како алтернативен датум беше наведен 20 декември, но министрите во меѓувреме се договорија тоа сепак да биде во јануари.

Дипломатски извори за Танјуг наведуваат дека одлуката е резултат на цврстиот став на Германија, која инсистираше на јануари, но оти фактор во одлучувањето биле и претстојните божиќни празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top