Хрватскиот кошаркарски тренер Александар Петровиќ е нов тренер на литванскиот клуб Литвос Ритас. По отказот на поранешниот тренер Дирк Бауерман челниците на клубот размислувале токму Петровиќ да биде негов наследник. Ова ќе му биде прв клуб во Литванија во кариерата на популарниот „Аца“ кој досега водел само репрезентативни состави. Последниот негов ангажман беше селекторското место во репрезентацијата на Босна и Херцеговина на минатото европско првенство во Словенија.
Петровиќ верува дека ќе успее да го извлече максимумот од тимот.
– Имам одличен состав на играчи. Верувам дека можеме да играме квалитетна кошарка. Прв пат сум Литванија како тренер на клуб. Со БиХ одиграв два контролни меча пред ЕП и знам колкав е квалитетот на литванската кошарка. Кошарката е спорт број еден во оваа земја – изјави Петровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.