| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструираат 16 училишта во Македонија

todorov-i-spiro-

Во следните неколку месеци ќе се санираат и реконструираат вкупно 16 училишта во Македонија најави министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

– Министерството за образование и наука веќе работи на изградба и реконструкција за 16 училишта. Се очекува во наредните неколку месеци да се заврши комплетна санација на училиштата. До крајот на месецот ќе биде распишан тендер за реконструкција и санација на дополнителни осум училишта, со што доаѓаме до бројка од 24 училишта кои комплетно ќе бидат реновирани во следните неколку месеци – рече Ристовски.

Тој додаде дека е распишан тендер за дополнителни осум монтажни училишта, со што 14 монтажни училишта ќе бидат ставени во употреба пред почетокот на следната учебна година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top