| четврток, 6 декември 2018 |

Водолиите повикуваат на грев, Лавовите се враќаат во жешка форма

Секси неделен хороскоп за периодот од 17 до 23 декември

Овните се многу друштвено ангажирани неделава. Потрудете се да се усогласите со останатите, а трудот ќе ви се исплати побргу оод очекуваното. Личност родена во знакот на Водолија ќе ве наведе на грев. Жешкото сексуално вкрстување е неизбежно.

Биковите се троми и непокретни. Чекате ренесансата на вашиот љубовен живот да започне сама од себе. Една Риба се труди да ве заведе на невербален начин, но толку сте закржлавени што веќе не знаете да го прочитате говорот на телото.

Близнаците се во целосен енергетски погон. Повеќе летате отколку што одите. Ако сте во врска со личност родена во знакот на Стрелец, до израз ќе дојдат сите ваши мали или големи разлики во темпераментот и карактерот. Би останале ли заедно само поради сексот?

Раковите немаат на што да се пожалат. Имаат и љуов и пари во доволни количини. Влијанието на Јупитер ве негативно ве инспирира да ги проширите границите на вашата врска, поточно на неверство. Премногу ризикувате ради обичен секс.

Лавовите се враќаат во форма. Потребно ви е одредено време да се загреете, но кога ќе се запалите тешко се гасите и тоа го знаат сите оние кои се „испржиле“ со вас во кревет. Во ладните зимски ноќи играте главни улоги во жешки еротски премиери.

Девиците делуваат изгубени во својот интимен микрокосмос. Така сакате, а и им изгледате на другите, но во себе точно знаете кого посакувате. Она што во целата оваа приказна ви недостига е храброст. Без самодоверба – нема секс. Формулата е толку едноставна.

Вагите се чувствуваат одлично во своја кожа. Имате нарцисоидно чувство дека сите околу вас се заљубени во вашата убавина. Ако сте осамен цвет, идеално време е за промена. Со нова романтична љубов и нежно водење љубов ќе расцветате од среќа. 

Скопрпиите имаат бујна љубовна фантазија. Еротиката постојано ви е на памет. Ги пуштивте сите кочници и јурите кон нови авантури. Случајна средба со Лав, брзо ќе се претвори во огномет од диви страсти.

Стрелците се во емотивен хаос и тоа по своја вина. Премногу се заигравте и веќе не знаете кому што сте ветиле. Не сакате да се врзите бидејќи сте слободен дух, но внимавајте пријателските односи да не ги расипете со вашето очајно користење на бенифициите.

Јарците не пропуштаат прилика за страствено уживање. Влијанието на Венера и Плутон ве прави таинствено привлечни, но и пропорционално сексуално гладни. Ако се наоѓате на висока работна позиција, лесно ќе најдете заинтересирани странки.

Водолиите губат глава за една Вага, но истото важи и во обратниот случај. Неговиот или нејзин пацифизам, совршено одговара на вашиот хуманизам. И во креветот совршено се собирате и одземате. Верувале или не, совршен космички момент е за создавање на потомство.

Рибите пливаат во слободен љубовен стил. Не очекувате ништо, а ви се случува сѐ. Се трудите да ја маскирате сопствената ранливост, н оне можете да побегнете од себе. Но, вашата сиренска песна надалеку се слуша, а некој ќе ве улови во мрежата од страсти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top