| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН Македонија известува за планирани прекини на струја

struja

ЕВН известува дека утре,18 декември, без снабдување со електрична енергија ќе останат неколку населените места.

Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.

Од 8,30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Добрино, Тисовица, Градовци, Гумалево и Дејковец во општина Зелениково.

Во периодот од 9 до 15,30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на ул. Миле Поп Јорданов, на ул. Јуриј Гагарин и на ул. Стогово во општина Карпош.

Од 10 до 15 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на ул. Хашка во општина Карпош.
Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Бојане во општина Сарај.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Вашингтонска кај игралиштето во општина Шуто Оризари.

Утре без струја делови од Зелениково, Карпош, Сарај и Шуто Оризари

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top