На секој приход што ќе го оствари поединец или компанија во поголемиот дел на светот неопходно е да се плати данок. Начинот на оданочување и висината на даночната стапка во поголемиот дел од светот се разликува од земја во земја.
Но, постојат и земји во кои данок не постои, што значи за истото работно место вработените добиваат и до 50 отсто поголема плата во споредба со земјите во кои се плаќа данок.
Во таа група на земји спаѓаат државите кои лежат на наоѓалишта на нафта и остваруваат големи приходи, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Саудијска Арабија, Оман и Кувајт.
Дел од приходите од нафта во овие земји одат во буџетот и тоа е сосема доволно за државните потреби, па не постои потреба за приходи од оданочување. А, во овие земји не постојат и даноци, кои во другите земји се вообичаени.
Главно се плаќа само мал износ на придонеси за социјално осигурување и понекоја локална такса. Данок на заработувчка, профит или каков било приход не постои. Не постои ниту данок на имот.
Други пак земји, каде што не се плаќа данок на доход ги чинат т.н. даночни раеви, пишува Лидер.
Даночниот систем, генерално, наплатува данок на основа на пријава за престој. Данок се плаќа таму каде што физичкото лице има постојан престој, независно од државјанството. Затоа некои земји вовеле нулта или многу ниска даночна стапка на приходи на граѓаните и добивката на компаниите, со цел да ги привлечат богаташите и големите странски компании, кои сакаат да избегнат плаќање данок во своите земји.
Тука спаѓаат Монако, Кајмански Острови, Бахами, Луксембург, Сан Марино, Панама, Сејшелските Острови, Андора и Лихтештајн. Но, живот во даночните раеви можат да си дозволат само богатите затоа што таму сѐ е вртоглаво скапо, од цената на недвижностите, до цената на храната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход


