
Гостивар – „Темница. Се будам. Десет дена сум во невиден кошмар. Во главата ми се врти само мислата како да се спасам од тешкотиите, од безизлезот, откако останав без работа, а на фирмата во која работев со децении ѝ ставија катанец. Сакам да побегнам од овој свет, некако да се спасам. Постојано правам план како да си го одземам животот. Сѐ понемирен сум кога треба да го извршам чинот. Но, повеќе не можам да издржам, не можам да живеам во неизвесност. Ноќва ќе си пресудам. Не, не го одложувам самоубиството. По три ноќи веќе сум похрабар. Станувам и на жената тивко ѝ велам: Збогум, заминувам за секогаш, без да се вратам! Чувај ги децата и не тагувај за мене. Дали ме слушна не знам. Се извлеков од креветот и отидов во трпезаријта. Ножот беше на масата. Го зедов и со двете раце го забодев во стомакот. Крикнав од болка. Се струполив на подот и на ништо повеќе не се сеќавам. Дојдов на свест легнат на кревет во болница. Не бев свесен што ми се случило. Дали сонувам или не! Пак продолжив да спијам. Визитата на лекарскиот тим ме пробуди. Ме прашаа како се чувствувам и толку“. – 0ваа тажна животна приказна заведена во лекарскиот дневник на доктор Мирче Србиновски, психијатар во гостиварската болница ја пренесе Утрински весник.
Настанот се случил пред десетина години. Човекот кој побарал лекарска помош за да се избави од безизлезната ситуација, сѐ уште редовно доаѓал на контроли, бил под медицински надзор и примал терапија. Но, според неговиот лекар најважно е што се чувствува добро, повеќе не доаѓа во ситуација да си го одземе животот, а неговото семејството му посветува посебна грижа и е постојано покрај него.
-Неколку години лекував пациент кој боледуваше од депресија. На последната контрола покажуваше знаци на зголемена депресивност и агресија и на сопругата ѝ кажав да не го оставаат никогаш сам – раскажува д-р Србиновски.
По два-три дена пациентот успеал да се ослободи од надзорот на најблиските. Додека тие заминале на свадба кај соседите, тој го искористил моментот за да си го одземе животот. Неговите најблиски не ни помислувале дека ќе се случи најлошото, оти тој не покажувал никакви знаци на депресивност. Но, само што го напуштиле куќниот праг, тој влегол во бањата и се обесил.
Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, на поширокото гостиварско подрачје годинава се регистрирани пет самоубиства,од кои четири се случиле со бесење, а во еден случај гостиварец си го одземал животот со огнено оружје. Исто така, биле регистрирани и 18 обиди за самоубиства, од кои 16 со труења со најразлични отровни течности и таблети. Најчести причини се семејни недоразбирања и расправии, откажана љубов, болест и друго.
Целиот текст прочитајте го на Утрински.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


