Третата фаза аудиции, „домовите на судиите“, почнува вечерва. Шоуто „Икс-фактор“ ќе мора да го напуштат половина од кандидатите што стигнаа дотука.
Кандидатите што го поминаа „Регрутниот камп“ беа поделени во четири групи, секоја под менторство на еден од челновите на жирито.
Браќата Раденови и Фифи се во тимот на Кристина Ковач. Даниел Кајмакоски, пак, е во групата „постари од 27 години“, под водство на Жељко Јоксимовиќ.
Македонските кандидати вечерва нема да ги гледаме бидејќи во оваа епизода се прикажуваат групите на Емина Јаховиќ и на Кики Лесендриќ. Сепак, вечерта воопшто нема да биде здодевна бидејќи „момчињата под 27 години“ ќе патуваат во домот на својата менторка во Истанбул. „Девојчињата под 27 години“, пак, својата аудиција ќе ја имаат во домот на Кики Лесендриќ во Белград.
На крајот од двете групи понатаму ќе продолжат само по тројца кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)


