| четврток, 6 декември 2018 |

Момчето на Накова: Гласајте против Александра

Манекенката Александра Накова е дел од втората сезона на музичкото шоу „Танц со ѕвездите“. Имајќи предвид дека почетокот на првата емисија е закажан за две недели, сите кандидати напорно вежбаат со своите инструктори и танц-партнери.

Тоа што постојано е на проба со нејзиниот ментор Илија Карадаковски, танчарот кој минатата сезона стигна до финалето со Марјана Станојковска, го налути момчето на Александра, кошаркарот Никола Гајдаџиев.

Тој на „Фејсбук“ напиша сите да гласаат против неа.

– Ако случајно гласате за некој на „Танц со ѕвездите“, ве молам да гласате против кандидатот Александра Накова зошто откако почна да се спрема за манифестацијата, не ме е*е два посто – напиша „вознемирениот“ Никола.

Колку и да е, како што велат во секоја шега – пола вистина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top