| четврток, 6 декември 2018 |

Крстот во Аеродром ќе почне да се гради на Свети Никола

крстНа христијанскиот празник Свети Никола, в четврток, 19 декември, во 13 часот официјално ќе почне изградбата на македонскиот православен крст во општина Аеродром, во близина на средното училиште „Марија Кири Склодовска“, меѓу булевар „Трета македонска бригада“ и булевар „Србија“, соопштуваат од Светскиот македонски конгрес (СМК).

Чинот на осветувањето на камен-темелникот на крстот ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

Крстот ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк четири метри, со распон на краците по 15 метри, вкупно 34 метри, поставен на постамент од 5,5 метри, на два нивоа со галерии, иконостас за верски обреди и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена електрична инсталација за енергетска самоодржливост.

Инвеститор на Македонскиот православен крст е Светскиот македонски конгрес, а донатори се Македонци и македонски компании од земјава и од странство.

СМК очекува крстот да биде изграден најдоцна до крајот на март идната 2014 година. По изградбата, крстот ќе биде предаден во сопственост на Општина Аеродром

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top