| четврток, 6 декември 2018 |

Шеикот од Катар може да остане без најдрагоцениот подарок

Катар ќе остане без фудбалскиот мундијал во 2022 година!?

Германските  медиуми објавуваат  дека постои можност да се повтори изборот за домаќин на Светскиот фудбалски шампионат во 2022 година.

Организацијата на првенството под контроверзни околности му е доделена на Катар, а покрај тоа константно се води полемика за терминот на одржување на мундијалот бидејќи мора да се земат предвид климатските услови во тој дел на светот.

 Изворот на германскиот неделник од ФИФА, откри дека Етичката комисија на Светската фудбалска асоцијација препорачува изборот за домаќин на мундијалот во 2022 година да биде повторен бидејќи сè уште не преставуваат сомнежите дека Катар победил во изборот со подмитување на неколку членови на Извршниот одбор на ФИФА.

Катар во текот на гласањето за домаќин на фудбалскиот шампионат одржано на 2 декември во 2010 година доби повеќе гласови од конкурентите Австралија, САД, Јапонија и Јужна Кореја.

Инаку, доколку дојде до повторување на изборот, најверојатно во тој случај право на глас не би имале само членовите на Извршниот одбор на ФИФА , туку претставниците од сите 209 членки на оваа организација, се наведува во германскиот „Спорт билд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top