| четврток, 6 декември 2018 |

Лото треска во САД

usa-mega-millions-lottery586 милиони долари.  Тоа е наградата која вечерва по американско време ќе ја поддигне некој среќен Американец. МИА од Вашингтон јавува дека Американците масовно купуваат тикети, кои чинат по еден долар, со што дополнително го зголемуваат наградниот фонд, кој се приближува до ланската рекордна премија од 656 милиони долари.

– Продажбата на тикети порасна за 20 проценти од извлекувањето минатиот викенд, кога никој не ја доби наградата што тогаш изнесуше 425 милиони долари- се пренесува Паула Ото, директорка на „Мега Милионс“, која заедно со „Пауербол“ се двете најголеми американски лотарии.

Доколку и денеска нема среќен добитник или добитници, наградниот фонд за идното коло може да ги достигне рекордните 656 милиони, кои лани беа поделени меѓу три тикети.

И сопствениците на продавниците каде се купени среќните тикети добиваат награда, од неколку десетици, па до 100.000 долари.

Американската лотарија го памети и случајот од лани во ноември, да пропадне тикет вреден 16 милиони долари продаден во Флорида, откако и по шест месеци од извлекувањето среќниот добитник не дојде да ги подигне парите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top