Турција и Европската Унија потпишале спогодба врз основа на која ќе почнат разговори за евентуално укинување на визите за турските граѓани што сакаат да патуваат во ЕУ. Турција за возврат се согласила да ги прими имигрантите што илегално влегуваат во ЕУ од турска територија, пренесува Асошиетед прес.
Спогодбата за патување без визи и за реадмисија на имигрантите била потпишана од турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу и комесарката на ЕУ за внатрешни работи Сесилија Малмсром неколку недели откако беа обвновени преговорите меѓу ЕУ и Турција по повеќегодишниот застој. Турција, земја-кандидат за членство во ЕУ, е на главната рута за нелегална имиграција во Европа од Африка и од Блискиот Исток.
Турција ги почна преговорите за придружување на ЕУ во 2005 година, 18 години откако поднесе барање за членство. Меѓутоа, тој процес го забавија политичките пречки, особено прашањето за поделениот остров Kипар, и отпорот кон членството на Турција од страна на Германија и на Франција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.