Шведскиот премиер Фредерик Рејнфелд смета дека би сакал судовите да почнат да ги затвораат клиентите на проститутките, што во Шведска се уште не се случило откако е усвоен законот за „купување“ на сексуални услуги во 1999 година.
– Време е веќе да не го казнуваме само парично секое купување на секс, истакна Рејнфелд за време на дебата во Стокхолм. Рејнфелд нагласи дека неговата конзервативна Умерена коалициска партија (Модератеа) ќе спроведе кампања за испраќање во затвор на клиентите на проститутките, кои знаеле дека сексуалната работничка е жртва на трговија со луѓе или е малолетна.
Шведска е прва земја во светот, која ги криминализираше услугите кои клиентите ги добиваат од проститутките. Законот предвидува од шест месеци до две години затвор за клиентите на проститутки кои се малолетни. Шведското правосудство предвидува за ова дело и парични казни во износ од околу 8.300 евра.
Примерот на Шведска го следеа Исланд, Норвешка, Словачка, а ваков закон се подготвува и во Франција.
Според премиерот независно од законот, во Шведска работат од 400 до 600 проститутки, кои се жртви на трговија со луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Заработуваат до 3.000 евра неделно на бугарските летувалишта, во август цената ќе биде повисока
-
Зошто Шведска е најдобра земја за живеење?
-
Во филмска акција разоткриен ланец на елитна проституција: Во стан уапсени 3 макроа и 7 жени!