| четврток, 6 декември 2018 |

Поради овие работи би требало почесто да имате секс

Женскиот оргазам е многу силна работа, која не носи само задоволство, туку и многубројни бенефиции за телото и умот.

1. Ве мачат главоболки, грчеви? Решението за вашиот проблем е секс и тоа добар. За време на оргазмот се испушта окситоцин, хемикалија која го стимулира лачењето на ендорфин, а тоа покрај што го подобрува расположението, ја намалува болката.

2. Доаѓа сезоната на грип, па потребно е да го зајакнете имунитетот. Наместо да пиете мултивитамини, пробајте со секс. Едно истражување на универзитетот „Вилкес“ покажало дека со сексуален однос еднаш или два пати неделно значајно се зајакнува имунитетот.

3. Имате нередовни менструални циклуси? Решението за овој проблем е редовен секс, ако веќе им веруваме на професорите од универзитетот Колумбија и Стенфорд.

4. Ве мачат брчките? Едно истражување покажало дека луѓето кои имаат секс четири пати неделно изгледаат дури 10 години помладо.

5. Имате проблеми во врската? Истражувањата покажале дека жените по оргазмот имаат многу подобро и попозитивно мислење за нивниот партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top