| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос со познати ставови на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос денеска во Брисел учествуваше на состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија на кој кусо се осврна и на прашањето за името на Македонија.

Во однос на Македонија, како што соопшто грчкото МНР, Венизелос ги презентирал грчките позиции исто како и на неодамнешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

За Македонија подетално ќе се дискутира на утрешниот Советот за општи работи на Европската унија на кој Грција повторно ќе ја претставува Венизелос, соопшти грчкото МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top