Светската куќа на фудбалот (ФИФА) го казни хрватскиот фудбалер Јосип Шимуниќ со десет натпревари неиграње, поради скандирањето на усташки пароли по пласманот на Светското првенство во Бразил.
Шимуниќ со тоа, неславно ќе ја заврши неговата репрезентативна кариера бидејќи ќе го пропушти Светското првенство, а доколку Хрватска не ги пројде групите, неговата казна ќе продолжи и на квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016 година.
Дисциплинската комисија утврдила дека играчот заедно со публиката скандирале хрватски поздрав кој во Втората светска војна го користеле усташите.
Покрај Шимуниќ, казнет е и Марио Манџукиќ со еден натпревар неиграње поради црвениот картон кој го направи на истиот натпревар против Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.