| четврток, 6 декември 2018 |

Ештон: Србија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон утре ќе ги извести министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ дека Србија ги исполнува сите услови за почеток на преговорите за приклучување и ќе ги повика да почнат преговори, јавува „Танјуг“, повикувајќи се на текстот на извештајот.

– Како што веќе направив во јуни минатата година и како што овој извештај покажува, денеска Ве повикувам да признаете дека се исполнети сите значајни точки од априлскиот бриселски договор, пишува во говорот што Ештон го подготвила за утрешниот состанок на Советот за општи работи во Брисел. Ако се согласувате со оваa изјава, се надевам дека ќе се согласите со првата меѓувладина конференција официјално да ги отворите преговорите со Србија најдоцна во јануари 2014
година, нагласува Ештон.

Документот долг пет страници во кој се опишува напредокот и примената на Првиот договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, Ештон деталнo наведува се што досега е постигнато во серија области, почнувајќи од спроведувањето на локалните избори до полицијата и функционирањето на премините.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ утре се очекува да го прецизираат датумот на првата меѓувладина конференција ЕУ-Србија и ќе донесат рамка за преговорите за приклучување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top