| четврток, 6 декември 2018 |

Драги соседи, среќни празници!

Веќе втора година по ред Сара Чајлдс од Денам Спрингс со посебно внимание го украсува нејзиниот дом за празниците. Одбира светилки, украси и други работи со кои ќе им покаже на соседите колку и е тоа важно.

Таа на кровот од нејзината куќа направила украс во вид на светлечка рака која го покажува средниот прст наменет за соседите со кои не е во добри односи. Минатата година таа се нашла на насловната страна на еден магазин во Луизијана, а таа ги тужела тврдејќи дека има право да ја украсува куќата како сака.

– Минатиот пат некој се качил на кровот и ги исекол, но јас не се откажувам. Мое право е како ќе ја украсам куќата – вели таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top