Германската канцеларка Ангела Меркел доживеала полесна сообраќајна несреќа во неделата, во која настанала само материјална штета, објавија во понеделникот германските медиуми.
Полицијата во понеделникот ги потврди информациите на неделникот „Дер Шпигел“, според кој службениот автомобил на германската канцеларка бил инволвиран во полесна сообраќајна несреќа.
Меркел во неделата патувала од Бранденбург во Берлин, кога еден автомобил на автопатот неочекувано минал од споредна лента и се „почешал“ од блиндираното возило на канцеларката, коешто го управувал службен возач. На двете возила има причинето помала материјална штета, објави германската полиција.
Притоа се посочува дека автомобилот кој го предизвикал инцидентот бил управуван од 82-годишен пензионер.
Меркел, инаку, има викендичка во местото Укермарк краj Бранденбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


