
Педесет и петгодишен прилепчанец загина, а уште двајца се тешкоповредени вчераутро во директен судир на „волксваген шаран“ и комби „фиат дукато“ во близина на селото Тополчани на магистралниот пат Прилеп – Битола, јави МВР.
Според полицискиот увид, трагедијата се случила околу 8.15 часот, на магистралниот пат Прилеп-Битола пред село Тополчани кога „фолксваген шаран“, управуван од Ѓоре С.(55) од Прилеп, и комби „фиат дукато“, управувано од В.М.(27) од Кавадарци, директно се судриле.
Во незгодата на самото место починал Ѓ.С., а тешки телесни повреди добиле возачот В.М. и сопатникот И.М.(61) од Кавадарци, кои се пренесени во Медицински центар – Прилеп, а по укажаната лекарска помош И.М. е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


