Рускиот заменик-премиер Дмитри Рогозин предупреди дека Русија ќе го употреби нуклеарното оружје доколку биде нападната, додавајќи дека токму тоа е пречката за потенцијалните провокатори и агресори.
-Може да се експериментира во рамки на желби за нуклеарно разоружување на статегиски ракетни носачи. Но, мора да се има предвид дека доколку има напад кон нас, сигурно ќе прибегнеме кон користење на нуклеарното оружје во ситуација кога би требало да се одбранат територијата и државните интереси – посочи тој во обраќањето во долниот дом на државната Дума, пренесе каналот Русија денеска.
Овој принцип е вграден во воената доктрина на Русија, додаде тој, посочувајќи дека секој агресор треба да е свесен за тоа.
– Никогаш не го намаливме значењето на важноста на нуклеарното оружје, оружје на надополнување, како голем изедначувач на шансите – додава Рогозин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


