| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Подобар воздух дури од следната недела

vozduh-skopje-zagadenoМетеоролошките услови во Скопје до крајот на неделава ќе останат неповолни за да имаат влијание врз подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, кој последните денови е многу загаден.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека до крајот на неделава Македонија ќе остане под влијание на висок воздушен притисок и оти времето ќе биде стабилно и суво со слабо струење на воздухот.
Промени може да се очекуваат од средината на наредната недела.
Последните мерења за квалитетот на воздухот во Скојпје покажуваат високи вредности над 180 микрограми на кубен метар во Лисиче, а високи во другите делови на Скопје. Високи концентрации изутринава се измерени и во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top