| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ги менува турските топоними

varna_mainОпштинскиот совет на Варна одлучи да се променат „турските имиња“ на 215 географски топоними во општината.

Иницијативата на советникот од бугарската националистичка партија ВМРО, Костадин Костадинов, доби поддршка од мнозинството членови на Општинскиот совет. Така, со овој предлог, месноста Ќор Бунар станува Слепиот Кладенец, а Јешил Тарла – Зелена Нива.

Ваквата одлука на Општинскиот совет на Варна наиде на остри реакции во турските медиуми. Весникот „Туркие“ излезе со наслов „Бугарија ги брише турските имиња“, а државната телевизија ТРТ оцени дека во Бугарија се бришат турските траги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top