Во несреќа, која се случила на реката Дунав, недалеу од Осијек во Хрватска, учествувале пет брода, а повредени се повеќе лица, јавуваат тамошните медиуми.
До несреќата дошло кога австриски брод удрил во четири усидрени бродови на хрватската страна на Дунав, пренесуваат хрвартските медиуми, повикувајќи се на извори од полициската управа.
Несреќата се случила еден час по полноќ.
Повредените биле префрлени во болница во Осијек, но поради лесните повреди, се пуштени дома.
Густата магла ја отежнува работата на полицијата околу увидот, пренесуваат медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


