Откако во втората половина на минатата недела еврото се приближи на највисоко ниво од ноември 2011 во однос на доларот, заедничката валута влезе во мала корекција. Британската фунта се спуштила во однос на доларот на двонеделниот минимум во текот на минатата недела, анализира Фактор.
Цените на американските акции го продолжиле падот поради плашливите инвеститори. Цената на златото и натаму е во опаѓачки тренд и покрај малото опоравување минатата недела. Цената на суровата нафта повторно почна да паѓа откако во Кина се објавени полоши од очекуваните резултати за фабричкото производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


