| четврток, 6 декември 2018 |

Почина оскаровката Џоан Фонтејн

Оскаровката Џоан Фонтејн , актерка од „златната доба“ на Холивуд,  почина во неделата на возраст од 96 години, пренесуваат американските медиуми.

Нејзината асистентка изјави дека актерката починала од природна смрт во нејзиниот дом во Кармил, Калифорнија.

Фонтејн се има појавено во повеќе од 70 филмски проекти. Таа беше миленичката на режисерот Алфред Хичкок, кој ѝ ја даде главната улога во својот прв американски филм „Ребека“. Таа беше трипати номинирана за златната статуетка, но „Оскарот“ го доби за улогата во „Сомнеж“ ( 1942 ).

Таа стапуваше во брак четири пати, а кога се разведе од нејзиниот последен сопруг Алфред Рајт во 1969 година, рече дека за неа бракот како институција е мртов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top