| четврток, 6 декември 2018 |

Звонимир Бобан ја прегазил сопругата со џип

Zvonimir-Boban
Хрватската фудбалска легенда Звонимир Бобан тешко ја повредил сопругата Леонарда откако ја прегазил со автомобил преку ногата, пишуваат хрватските медиуми.
Во полицијата случајот бил пријавен неколку дена по несреќата и тоа од болницата каде што била лекувана жената, а два дена откако првите информации стигнале до медиумите.
Обвинителството во Хрватска сѐ уште не донело одлука дали ќе покрене кривична постапка против Бобан или случајот ќе го води како несреќен.
Несреќата, според Бобан, се случила на 10 декември околу пладне, кога тој со неговиот Гранд Чироки дошол пред семејната слаткарница „Чоколат“, каде што доставувал божикни украси. Додека се обидувал да се вклучи во сообраќај, со предниот лев дел на џипот минал преку ногата на сопругата Леонарда која, според неговата верзија, во тој момент дотрчала и случајно ја подметнала ногата. Од ударот жената паднала на земја, а тој ја одвел во болница каде што ѝ бил извршен хируршки зафат на зглобот.
Ако обвинителството поднесе кривична пријава за предизвикување сообраќајна несреќа со тешки повреди, некогашниот капитен на хрватската фудбалска репрезентација може да добие затворска казна од шест месеци до пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top